Одлуката за замрзнување на цената на овошјето и зеленчукот

3 Апр, 2023

Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски денеска на прес -конференција информираа за последната Одлука на Владата за утврдување на највисоки цени на одделни производи, како и за извршените надзори од страна на ДПИ.

Директорот Горан Трајковски, го истакна следново:

„Сакам да го поздравам донесувањето на новата Одлука која како и сите претходни одлуки се од големо значење за граѓаните. Убеден сум дека Владата и понатаму ќе спроведува и носи вакви одлуки кои пред се, се однесуваат за добробит и олеснување на животот на граѓаните.

Од донесувањето на првата Одлука која се однесува на ограничување на маржата од 5-10% заклучно со последната Одлука, извршени се над 1800 надзори и издадени се над 20 прекршочни платни налози во вредност од над 2.5 милиони денари.

Пaзарниот инспекторат постапува по сите Одлуки на Владата кои се однесуваат на цените на производите, а тоа значи дека и понатаму ќе работиме со полн капацитет и сите инспектори ќе бидат на терен на цела територија Република Северна Македонија. Никој не е над законот, барем тоа ќе биде така се додека јас сум директор на пазарниот инспекторат. Нема да дозволам да има исклучоци и секој кој прекршил одлука, закон, законски пропис ќе биде санкциониран со соодветна казна, а казните се високи од 800 – 10.000 евра, во овој случај, во зависност од големината на субјектот.

во прилог линкот до објавата од ДПИ:

https://www.dpi.gov.mk/index.php/mk/odnosi-so-javnost/vesti/555-izjava-odlukata-za-zamrznuvanje-na-cenata-na-ovoshjeto-i-zelenchukot

Доколку ви се допаѓа објавата споделете ја со вашите пријатели на социјалните мрежи