Сузбивање на нелојална конкуренција

11 Мај, 2023

Од извршените инспекциски надзори врз основа на Одлуките на Владата кои се однесуваат на овошјето и зеленчукот, затечени се  поголем број на нерегистрирани трговци. Со цел да се сузбие нелојалната конкуренција предизвикана од нерегистрираните трговци, пазарниот инспекторат во наредниот период ќе спроведува и надзори за утврдување на нерегистрирана дејност врз основа на Законот за трговија. Освен кај оние кои продаваат овошје и зеленчук, надзори ќе се вршат и кај сите останати трговци, за сите производи низ целата територија на Република Северна Македонија. Во случај да се затекне нерегистриран трговец, освен изречена казна, ќе следува и целосно одземање на производите кои ги продава.

Упатуваме апел до оние кои вршат нерегистрирана дејност, во најбрз можен рок да извршат регистрација, која е многу едноставна и нема да им одземе повеќе од 2 дена.

Доколку оставиме простор да се проширува нелојалната конкуренција која ја создаваат нерегистрираните трговци, така и нечесните трговски практики ќе се одразат врз регистрираните трговци кои си ги исполнуваат обврските кон државата, со што системот ќе затајува, а тоа никому не оди во прилог.

Ги охрабруваме граѓаните доколку забележат или веќе познаваат нерегистрирани трговци, препродавачи и продавници, веднаш да пријават во пазарниот инспекторат.

Во прилог линкот до објавата од ДПИ

https://www.dpi.gov.mk/index.php/mk/odnosi-so-javnost/vesti/565-suzbivanje-na-nelojalna-konkurencija-kaj-neregistrirani-trgovci

Доколку ви се допаѓа објавата споделете ја со вашите пријатели на социјалните мрежи