Субвенционирање на вработување до невработените лица

6 Јун, 2023

Врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за  2023 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 2.1 Субвенционирање на вработување, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, на  ден  06.06.2023 година  се објавува

ЈАВЕН ПОВИК/ИЗВЕСТУВАЊЕ

до невработените лица

Се повикуваат невработени лица евидентирани во АВРСМ  кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот:

  • долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
  • млади лица до 29 години
  • лица постари од 50 години
  • лица корисници на гарантирана минимална помош
  • лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
  • лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
  • жени – жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство
  • лица со попреченост
  • жени припадници на ромската етничка заедница и останатите етнички заедници
  • лица припадници на ромска етничка заедница
  • лица на кои им е решен статусот  со лична документација
  • самохрани родители
  • родители на деца со пречки во развојот
  • родители на 3 и повеќе деца
  • родители на деца на улица
  • осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа
  • бездомни лица
  • лица со незавршено средно или пониско образование
  • жени 

да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на РСМ,  каде редовно се евидентираат како невработени лица.

Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна програма односно мерка за вработување, како и врз основа на  основни принципи кои треба да се почитуваат при имплементацијата на програмите и мерките за вработување, како и услугите на пазарот на трудот, односно

  • Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот;
  • Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Република Северна Македонија

Секој работодавач што ќе вработи невработено лице од гореспоменатите целни групи ќе добие финансиска поддршка за исплата на бруто плата во износ од 19.000,00 денари, за период од 6 месеци. Работодавачот може на работникот да му исплати и повисока бруто плата од субвенционираниот износ .

Работодавачот кој ќе вработи невработено лице со оваа мерка, има обврска лицето да го задржи во работен однос по завршување на  субвенционирањето во дополнителен период од уште 12 месеци.

Условите, правата и обврските поконкретно ќе бидат уредени со склучување на  договор помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ, работодавачите и кандидатите.

Заинтересираните невработени лица  можат да аплицираат до 12.06.2023 година.

Детални информации можат да се добијат во  работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на РСМ, контакт телефонот   02-3111-850 лок.5010 и веб страната www.av.gov.mk