ИСОС ги повикува своите членови да постапат согласно повикот

5 Сеп, 2023

Институтот на сметководители и овластени сметководители, согласно Правилникот и рокот кој бепе даде за усогласување, Ги повикува сите субјекти иматели на ЛИЦЕНЦИ за вршење на сметководствени работи издадени од Институтот НАЈДОЦНА ДО 15.09.2023 година да ја достават следната документација:

  • Тековна состојба за субјектот имател на ЛИЦЕНЦА ОД ИСОС не постара од 30.08.2023 година.
  • Листинг од АВРМ на Деловен субјект и тоа ( ПРЕГЛЕД НА АКТИВНИ ПРИЈАВИ ВО ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ПРАВЕН СУБЈЕКТ ) не постар од 30.08.2023 година со оригинал печат од АВРМ или истиот документ изваден преку порталот на Е-услуги.

Напоменуваме дека Институтот врз основа на проверка на доставената документација ќе постапи согласно член 32 став 10 точка 2 и точка 3 од ЗВСР во врска со член 17 став 1 точка 2 и точка 3 од ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИН НА И ПОСТАПКА ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛ И ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ И УПИС ВО РЕГИСТАР ОД 29.06.2023 година.

Документацијата треба да се достави по електронска пошта и тоа на следната адреса: archiva@isos.com.mk НАЈДОЦНА ДО 15.09.2023 година.

Дополнително, сите членови се повикуваат да ги ажурираат и проверат своите податоци на веб платформата.

Ве молиме уредно проверете и пополнете ЕМБС на правниот субјект, назив на фирма, датум на вработување, полно/ скратено / дополнително работно време, право да потпишува годишна сметка и финансиски извештаи, право да потпишува даночни пријави и биланси и тип на правен субјект согласно обврската за ажурирање на податоци од член 35 став (6) од ЗВСР во врска со член 10 став 2 точка 6 од Статутот на Институтот.

За ажурирање на податоците треба да се најавите на слдниот линк:

https ://smetkovoditel.isos.com.mk

Доколку ви се допаѓа објавата споделете ја со вашите пријатели на социјалните мрежи