Потребно инфо за

Отварање на нова фирма

Конто Плус Консалтинг е овластен регистрационен агент и врши регистрација на фирма во Централен регистар, која се врши електронски преку системот за е-регистрација. Целата процедура е брза, едноставна и не трае повеќе од 24 часа по поднесувањето на апликацијата за основање.

Важно

8 потребни работи за регистрација на нова фирма:

  • НАЗИВ – на трговското друштво ( Најнапред избраното име на фирмата треба да го проверите дали е веќе регистриран во базата на Централниот Регистар.
  • ШИФРА НА ДЕЈНОСТ (од НКД-Национална Класификација на Дејности да ја изберете шифрата на Вашата дејност)
  • АДРЕСА НА СЕДИШТЕ ( пред да ја регистрирате новата фирма потребно е да склучите договор за наем на простор ),
  • КОПИЈА ОД ДОКУМЕТ ЗА ЛИЧНА ИДЕНТИФИКАЦИЈА ( лична карта или пасош од оснивач и управител ),
  • ОСНИВАЧКИ ВЛОГ ВО ИЗНОС ОД 5000 евра ( тој може да биде паричен или непаричен ),
  • ДА ИЗБЕРЕТЕ БАНКА
  • ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА ЗА ФИРМАТА ( e-mail адреса за новата фирма каде што ќе ги добивате сите известувања поврзани со неа ),
  • ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ.
laptop

Подетално

Најчесто користени правни форми при отварање на нова фирма се:

ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ – ТП

ТП е лице кое врши самостојна трговска дејност во вид на занимање и истата е определена со Законот за трговски друштва. ТП се регистрира со упис во Трговскиот регистар, кој се води во Централниот регистар.

Оваа правна форма најмногу ја користат при регистрација на фирма малите деловни субјекти како: продавници, бутици, таксисти, возачи на комбе, автобус и други.

Предности

• 50% помали трошоци при отварање на фирмата за разлика од другите правни форми,
• 4000 денари помалку трошоци за годишна фирмарина за разлика од ДООЕЛ и ДОО,
• Не е потребен оснивачки влог,
• 27,5% од месечните придонеси за плата ( пензиско, здравство, дополнително здравство, персонале данок, вработување ) сопственикот може да бира дали ќе ги уплати или ќе мине цела плата ( бруто плата),
• Сопственикот односно вршителот на дејноста не е должен да си исплаќа регрес за годише одмор или К-15, обврска има само за вработените доколку ги има.

Негативности

• Физичкото лице одговара со сиот свој имот. Значи доколку Трговец Поеднинец направи било какво задолжување и не го исплати истото, одговара со личниот имот кој што го поседува.
• За било каква нерегуларност при Вашето работење или судска извршна пресуда институциите може исто така да наплатат од вашиот личен имот.
• Доколку веќе сте запишани како трговец поединец не може истовремено по било која основа да бидете запишани како трговец поединиец под друга фирма.

Втора правна форма

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ – ДОО

 ДОО

е правна форма која се користи при отварање на нова фирма кога едно лице има некоја идеа за бизнис но нема доволно средства да ја започне сам. Основано е од две или повеќе лица но не може да има повеќе од 50 содружници. Во основната главнина содружниците учествуваат со по еден влог кој што е однапред договорен. Големината на влогот на содружниците може да биде различна во зависност од договорот.

Предности

  • Оснивачкиот влог може да биде паричен и непаричен, но неговата вкупна вредност не може да биде помала од 5000 евра во денарска противвредност. Во случај на материјален влог ( објект, опрема, превозни средства и слично) мора да се изврши проценка од страна на проценител. Добрата страна е што и паричниот и непаричниот влог не мораат да бидат внесени при основањето на фирмата и истите може да се внесат во рок од една година.
  • Како друштво со ограничена одговорност, содружниците одговараат само со имотот и за обврските на друштвото.
  • Со општа клаузула при отварањето можете да работите повеќе дејности.

Негативности

  • Самото отварање чини многу повеќе.
  • Потребен е оснивачки влог.
  • Фирмарината е 6000 денари и 1500 денари за секоја подружница.
  • Законска обврска е до 15ти да се исплати нето платата заедно со придонесите и персоналниот даноки ( бруто плата ).
  • Задолжителна исплата на регрес за годишен одмор или К-15 за секој вработен.

трета правна форма

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ЕДНО ЛИЦЕ ДООЕЛ

ДООЕЛ

е исто што и ДОО само што кај оваа правна форма наместо повеќе содружници имаме едно лице. Кај ДООЕЛ обврските, користа и негативностите се исти како кај ДОО.

Што треба да направите по подигнувањето на решението за регистрација од Централен Регистар ?

• Потребно е да се нарачаат печати и нивната изработка трае од 3 до 7 дена
• Да се завери ЗП образецот кај нотар
• Па следи активирање на сметката во Банка
• Регистрација за цели на ДДВ

кОНТАКТ ИНФО

ул. Плачковица 7,
2300 Кочани
+38978909555
info@kontoplus.mk