Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, април 2023

20 Јун, 2023

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по

вработен во април 2023 година, во однос на април 2022 година, изнесува 114.6.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен

во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (28.1 %), Административни и помошни услужни

дејности (21.7 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17.8 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано

во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14.7 %), Снабдување со електрична енергија, гас,

пареа и климатизација (13.2 %) и Административни и помошни услужни дејности (12.5 %). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2023 година, изнесува 36 134 денари.

Во прилог линк до објавата на Државен завод за статистика:

https://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=40

Доколку ви се допаѓа објавата споделете ја со вашите пријатели на социјалните мрежи