Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, април 2023

20 Јун, 2023

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по

вработен во април 2023 година, во однос на април 2022 година, изнесува 115.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен

во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (28.8 %), Административни и помошни услужни

дејности (21.9 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.4 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е

забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14.9 %), Снабдување со електрична

енергија, гас, пареа и климатизација (13.5 %) и Административни и помошни услужни дејности (11.9 %). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2023 година, изнесува 54 177 денари.

https://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=41

Доколку ви се допаѓа објавата споделете ја со вашите пријатели на социјалните мрежи