Постапка за бришење на Трговци поединци и Трговски друштва

24 Фев, 2023

Соопштение за отпочнување на постапка за бришење на ТД и ТП за кои УЈП во постапка, согласно член 477 од ЗТД, со решение утврдила статус на неактивен субјект три години по ред

Категорија: Објава на податоци од јавен интерес , Година: 2023

Централниот регистар на Република Северна Македонија, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва (Сл. Весник на РМ бр.28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16,64/18, 120/18, 290/20, 215/21, 99/22), објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар на Република Северна Македонија спроведува постапка за бришење согласно член 477 од истиот Закон, за кои Управата за јавни приходи со Решение утврдила статус неактивен три години по ред.
 

Список на субјекти: Друштво за производство и услуги МАВРИК 2013 ДООЕЛ експорт-импорт с.Маврово Маврово и Ростуша со ембс 6868673
 

Централниот регистар на Република Северна Македонија истовремено ги повикува  законските застапници, односно лицата и органите овластени за управување, застапување и надзор на субјектот, содружниците, како и доверителите (овластени подносители) во врска со субјектите содржани во овој список, во рок од една година од датумот на објавувањето на субјектите во ова соопштение, да поднесат предлог за стечај согласно Законот за стечај или предлог за ликвидација согласно Законот за трговските друштва, и за тоа писмено да го известат Централниот регистар на Република Северна Македонија.
 

Доколку во рок од една година од датумот на објавувањето на субјектите во ова соопштение Централниот регистар на Република Северна Македонија не добие писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.
Доколку за субјектите од списокот е евидентирано писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, во рок од една година од истекот на рокот од претходниот став, Централниот регистар не добие решение за отворена стечајна постапка, односно не е отворена постапка за ликвидација, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.

Список на субјекти – постапка за бришење согласно член 477 

Со Почит,
Централен регистар 

во прилог линкот до објавата од ЦРМ

https://www.crm.com.mk/mk/vesti/soopshtenie-za-otpochnuvanje-na-postapka-za-brishenje-na-td-i-tp-za-koi-ujp-vo-postapka-soglasno-chlen-477-od-ztd-so-reshen

Доколку ви се допаѓа објавата споделете ја со вашите пријатели на социјалните мрежи