Обука за стручни квалификации според барање на работодавачите

15 Мај, 2023

ЈАВЕН ПОВИК

до

работодавачи 

Се повикуваат работодавачите кои имаат потреба да обезбедат квалификувани работници преку обука, да пополнат пријава за учество во програмата по електронски пат за учество во оваа мерка.

Обуката ќе ја спроведуваат верификувани спроведувачи на обука, согласно претходно верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните и/или Министерство за образование и наука.

Трошоците за лица кои ќе посетуваат обука во висина од 11.000 денари месечен надоместок, со вклучено осигурување во случај на несреќа на работно место и данок на личен  доход за времетраењето на обуката, како и  трошоците за обука кон спроведувачите на обука се обезбедени од Буџетот на АВРСМ – Потсметка за активни програми и мерки за вработување, во висина до 30.000 денари за лице на обука.

Работодавачот е должен да вработи најмалку 50% од лицата што успешно ја завршиле обуката со полно работно време во времетраење од најмалку 6 месеци.

Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна програма односно мерка за вработување, како и врз основа на  основни принципи кои треба да се почитуваат при имплементацијата на програмите и мерките за вработување, како и услугите на пазарот на трудот, односно

     

      • Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот;

      • Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Република Северна Македонија

    Заинтересираните работодавачи за учество во мерката можат да аплицираат до 30.11.2023 година, односно се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.

    Правата и обврските помеѓу АВРСМ, УНДП, работодавачите и спроведувачите на обука ќе бидат уредени со склучување на меѓусебни договори.

    Заинтересираните работодавачи можат да поднесат Пријава за учество на следниот линк https://forms.gle/beJcXu8qZXtv29Vc9.

    Детални информации за мерката можат да се добијат во работните клубови на 30 центри за вработување и на контакт телефонот 02-3111-850 лок. 5012, како и на веб-странитa www.av.gov.mk.

    АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА

    РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

    Доколку ви се допаѓа објавата споделете ја со вашите пријатели на социјалните мрежи