СМЕТКОВОДСТВЕНИ УСЛУГИ

МАТЕРИЈАЛНО СМЕТКОВОДСТВО
ПОБАРАЈ ПОНУДА

Прецизна евиденција на материјалите:

Клуч до ефикасно сметководство

Материјалното книговодство е аналитичка евиденија на суровини, репроматеријали, резервни делови и стоки кои се залихи на фирмата и кои треба да се водат по магацини, а тие пак се задолжени по количина и набавна вредност. Набавната вредност може да биде пресметана по ФИФО методата „прва влезна – прва излезна„ по ЛИФО методата „последна влезана – прва излезна„ евиденција по плански цени корегирани за отстапувањето во пресметковниот период или евиденција на набавна вредност по просечни набавни цени. Последните две се најмногу користени.

laptop

За разлика од главната книга, материјално сметководство не се води по системот на двојно книговодство, туку аналитика по видови на метеријали (на одвоени картици). Тоа не е задолжително и секоја фирма самостојно одлучува дали ќе води аналитичка евиденција на материјалите или не. За да знаете од кои материјали или артикли колку имате на залиха, кои артикли најмногу ви се продаваат и во колкави количини, а кои не, потебно е да се води детална евиденција врз основа на што се донесува одлука кои и колкава количина треба да се набават. Препорачуваме на секоја една фирма без разлика дали станува збор за некоја голема или пак мала продавница, бутик или занаетчиски дуќан да ги слушнат своите клиенти, да дознаат што мислат, и со тоа да ја подобрат својата работа водејќи материјално книговодство.

Ние од Конто Плус Консалтинг Ви нудиме :

• Изготвување на влезни документи : приемници, калкулации на увозни добра, нивелации, отпис,
• Изготвување на излезни документи : фактури, требовање, испратници, повратници,
• Изготвување на извештаи: состојба на магацин, материјални картици, лагер листи, пописни листи,
• Водење на ЕТ ( евиденција во трговијата ),
• Изготвување на ПЛТ ( приемни лист во трговијата ),
• Следење на наплата од купувачите и исплата на добавувачите,
• Управување со залихите.

Барате коректност и вистинитост на податоците во билансот на состојбата ?

Бидете и Вие во чекор со промените, дозволете ни да Ви помогнеме околу правилното евидентирање на сметковоствените настани врз основа на соодветната сметководствена документација и припрема на точни финасиски извештаии.

кОНТАКТ ИНФО

ул. Плачковица 7,
2300 Кочани
+38978909555
info@kontoplus.mk