Контроли по Одлуките за определување на највисоки цени

15 Мар, 2023

Соопштение за вршење контроли по Одлуките за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало (Службен весник на РСМ бр. 52/2023)

Одлуките на Владата за намалување на цените на тестенините и млечните производи

се донесоа пред речиси една седмица, а од утре веќе и официјално стапуваат во сила, и трговците до сега требаше да ги усогласат цените според Одлуките на Владата. Од утре инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со Одлуките! Инспекторите ќе постпуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од Одлуките, а согласно тоа и според Законот за трговија. Станува збор за искусни професионалци, со долгогодишно работно искуство во сферата на пазарната инспекција, што значи дека сме апсолутно подговени да се соочиме и со овој предизвик.  

Контролите ќе се вршат над производите кои ги опфаќаат Одлуките за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало (Службен весник на РСМ бр. 52/2023), односно:

  • тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети) чија највисока цена на овие производи од ставот се утврдува на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 15%.
  • трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
  • урда;
  • кравјo бело сирење и мешано бело сирење;
  • кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан);
  • кисело млеко; 
  • павлака и
  • јогурт, без додатоци, а највисоките цени на наведените млечни производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 10%.

Начинот на кој ќе се постапува доколку некој од економските оператори дејствува спротивно од Одлуките е предвиден во Законот за трговија.  Во случај да се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија! Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

Напоменуваме дека Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуките, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало.

Апелираме да се почитуваат Одлуките, а исто така ги повикуваме граѓаните доколку забележат неправилности веднаш да пријават во пазарниот инспекторат. Работиме во интерес на граѓаните и токму затоа се донесени овие Одлуки, за да се помогне во време на економска криза која сеуште постои и да се спречи личното профитерство и злоупотреба.

во прилог линкот до објавата од ДПИ

https://www.dpi.gov.mk/index.php/mk/odnosi-so-javnost/vesti/548-52-2023

Доколку ви се допаѓа објавата споделете ја со вашите пријатели на социјалните мрежи