Известување до членовите на ИСОС за обврската за членарина

28 Ное, 2023

Почитувани членови на ИСОС,

Уште еднаш би сакале да ве потсетиме на обврската за уплата на членарината за 2023 година (како и за евентуално заостанатата членарина за изминатите години), согласно членот член 36, став 1, точка 3 од Законот за вршење на сметководствени работи.

Воедно, ве информираме дека, согласно член 40, став 1, точка 1 и член 64 од истиот Закон, сите членови на Институтот имаат обврска да ги исполнат часовите на континуирано професионално усовршување (КПУ).

Крајниот рок за плаќање на членарината за 2023 (и заостанатите членарини од изминатите години), како и за исполнување на КПУ часовите, е 20 декември 2023 година.

Ве замолуваме до овој временски рок да ги исполните овие ваши обврски, затоа што по тој датум ќе следува проверка на регистрите кои ИСОС има законска обврска да ги води и нивно ажурирање согласно Законот за вршење на сметководствени работи.

Повик за плаќање годишна членарина и евиденција на КПУ часови

Со почит,

Управен одбор на ИСОС

Доколку ви се допаѓа објавата споделете ја со вашите пријатели на социјалните мрежи