Најнови информации за Законот за вршење сметководствени работи од ИСОС

септември 12, 2018 Сандра Џиџалеска No comments exist
Доколку ви се допаѓа не заборавајте да споделите :
knigovodstvo-konsalting

I. За поднесување документација за лица кои досега се немаат стекнато со уверение за сметководител/ овластен сметководител во согласност со Законот потребно е:
Со статус на сметководител или овластен сметководител се стекнува лице кое ги исполнило условите од членовите 15 и 16 од Законот и се стекнало со трајно уверение за сметководител, односно овластен сметководител од Институтот.
Член 15
(1) Лицето кое сака да се стекне со статус на сметководител или овластен сметководител до Институтот поднесува писмено барање за стекнување на уверение за сметководител, односно овластен сметководител.
(2) Кон барањето за стекнување уверение за сметководител задолжително се доставува:
1) доказ (уверение) за завршено средно економско образование и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку три години од областа на сметководството, или
2) доказ (уверение) за завршено тригодишно високо образование од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 180 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку две години од областа на сметководството, или
3) доказ (уверение) за завршено четиригодишно високо образование (VII/1 степен) од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку една години од областа на сметководството и
4) доказ за уплата на надоместокот за добивање трајно уверение за сметководител.
(3) Кон барањето за стекнување уверение за овластен сметководител задолжително се доставува:
1) уверение за завршено четиригодишно високо образование (VII/1 степен) од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС),
2) потврда од работодавач за работно искуство од најмалку три години од областа на сметководството и
3) доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение за овластен сметководител.
(4) Документите од ставовите (2) и (3) на овој член се доставуваат во оригинал или во копија заверена на нотар.
(5) На лицето кое ги исполнува условите од ставот (2), односно ставот (3) од овој член, Институтот му издава уверение за сметководител односно за овластен сметководител во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето.
(6) Формата и содржината на барањето од став (1) на овој член како и формата и содржината на уверението за сметководител односно овластен сметководител ги пропишува министерот за финансии.
Образецот на Барањата за сметководител/ овластен сметководител ке ги најдете на веб страна на ИСОС (www.smetkovoditel.mk) во делот регулатива. (барање за сметководител) (барање за овластен сметководител)
Доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение -Институт на сметководители и овластени сметководители ИСОС
Жиро с-ка: 380177109305138 Депонент: Прокредит Банка
Цел на дознака: уплата за надоместок Износ: 1000,00 ден.
Член 16
(1) Лице кое добило лиценца за овластен ревизор може да се стекне со статус на овластен сметководител на начин и услови утврдени со овој закон.
(2) Лицето од став (1) на овој член за стекнување на статус овластен сметководител до Институтот е должно да достави барање и:
1) лиценца за овластен ревизор во оригинал или копија заверена на нотар и
2) доказ за платен надоместок за издавање уверение за овластен сметководител.
(3) Институтот на лицето од став (1) на овој член му издава уверение за овластен сметководител во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.
(4) Овластениот ревизор кој стекнал уверение за овластен сметководител не може кај едно правно лице истовремено да врши работи на овластен сметководител и на овластен ревизор.
Образецот на Барањата за сметководител/ овластен сметководител ке ги најдете на веб страна на ИСОС (www.smetkovoditel.mk) во делот регулатива. (барање за сметководител) (барање за овластен сметководител)
Доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение -Институт на сметководители и овластени сметководители ИСОС
Жиро с-ка: 380177109305138 Депонент: Прокредит Банка
Цел на дознака: уплата за надоместок Износ: 1000,00 ден.

(1) Лицата кои се стекнале со уверенија за сметководител односно овластен сметководител согласно членовите 48, 49 и 50 од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија" бр. 95/12) и членовите 5 и 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија" бр.27/14), можат во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на овој закон да поднесат барање до Институтот за издавање на ново уверение за сметководител односно овластен сметководител согласно условите под кои ги стекнале уверенијата издадени од министерот за финансии.
(2) Кон барањето од став (1) на овој член до Институтот задолжително се доставува оригинал или копија заверена на нотар од уверението за сметководител односно овластен сметководител издадено од министерот за финансии.
(3) Институтот е должен на лицата од став (1) на овој член да им издаде ново уверение за сметководител односно овластен сметководител во рок од 60 дена од денот на поднесување на барањето.
(4) Со денот на издавање на уверенијата од став (3) на овој член престануваат да важат уверенијата издадени од министерот за финансии.
(5) На лицата кои во рокот од став (1) на овој член нема да поднесат барање до Институтот за издавање на ново уверение за сметководител односно овластен сметководител им престанува важноста на постојните уверенија за сметководител или овластен сметководител издадено од министерот за финансии и врз основа на истите немаат право да вршат сметководствени работи.
Образецот на Барањата за сметководител/ овластен сметководител ке ги најдете на нашата веб страна во делот регулатива. (барање за сметководител) (барање за овластен сметководител)
Доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение - Институт на сметководители и овластени сметководители ИСОС
Жиро с-ка: 380177109305138 Депонент: Прокредит Банка
Цел на дознака: уплата за надоместок Износ: 1000,00 ден.

Доколку ви се допаѓа не заборавајте да споделите :

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *