- Услуги -
ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА КОИ ГО ДВИЖАТ ВАШИОТ БИЗНИС НАПРЕД

Сметководствен услуги
Нека постојаните промени и дополнувања на законските регулативи не бидат проблем за Вашиот бизнис! Дозволете ни на време да ве информираме во согласно со меѓународните сметководствени стандарди и нивната примена и да ви помогнеме околу правилно евидентирање на сметководствените настани врз основа на соодветна сметководствена документација и припрема на точни финансиски извештаи. Бидете и Вие во чекор со промените и користете ги нашите сметководсвени услуги:
· Финансиско сметководство
· Материјално сметководство
· Девизно работење
· Пресметка на плати
· Управувачко сметководство
· Финансиско известување
· пресметки поврзани со сите видови даноци: ДДВ, персонални даноци, данок на добивка

Консалтинг услуги
Нашиот стручен тим одговара на Вашите потреби уште пред да го започнете Вашиот бизнис давајќи ви тековна поддршка и следејќи го Вашиот развој во сите фази со следните консалтинг услуги:
- правни и даночни совети при регистрација;
- Регистрација на фирма;
- Изработка на инвестициони и бизнис планови;
- Пријава – одјава на даночен обврзник;
- Изработка на интерни акти: сметководствени политики, правилник за работа, правилник за попис;
- оперативни работи: пријави и одјави на вработени, боледувања и слично.

Даночни услуги
Препознајте го и правилно изменаџирајте го даночниот ризик пред тој да стане Ваш проблем, намалете ја Вашата даночна изложеност и дозволете ни да ги пресметаме реалните даночни позиции во согласност со сите законски барања и прописи користејќи ги нашите даночни услуги:
· Сметководство на даноци
· Даночно планирање
· Усогласеност со законските прописи
· Царини