- За Нас -

КОНТО ПЛУС КОНСАЛТИНГ ги реализира своите услуги со најголема професионалност, највисок квалитет, навременост, точност и сигурност. Затоа, ние сме едноставно темелни и транспарентни посветени и достапни за нашите клиенти.

БИДЕТЕ ЕДЕН КЛИК ПРЕД КОНКУРЕНЦИЈАТА

Иако постоиме релативно кратко време сепак во целост можеме да одговориме на сите Ваши барања и потреби. Во тек сме со најновите законски регулативи, промени, сеопфатни информации и податоци од областа на сметководството, финансиите, даноците како и работните односи кои се од голема важност  за сите субјекти од ПРИВАТНИОТ и ЈАВНИОТ сектор.

Растот и стручноста на конто плус консалтинг може да се види по бројната доверба од нашите клиенти кои што ги стекнавме за овој краток период и кои што ни дозволуваат да им помогнеме во нивната иновативност и донесувањето на правилни одлуки кои што за нив се од голема важност. Од тука се гледа и нашата грижа за Вашиот бизнис како од финансиски така и од советодавен карактер.

За нас на прво место се потребите на Вашиот бизнис, го согледуваме однапред секој потенцијален проблем со кој би можеле да се соочите и ве насочуваме кон правилно решение.