
Согласно Одлуката за ослободување од обврска за користење на интегриран автоматски систем за управување на вршителите на авто-такси превоз на патници (Службен весник на РМ бр.16/15 и 208/15 ) вршителите на авто-такси превоз на патници се ослободуваат од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување .
Ова ослободување претходно важеше за период 1 февруари 2015 година до 31 декември 2015 година. Потоа следеше пролонгирање на ослободувањето до декември 2016 година –објавено во Службен весник на РМ бр.208/15.
Со последната измена на оваа одлука објавена во Службен весник на РМ бр.202/2016 примената на ова ослободување за користење интегриран автоматски систем за управување се пролонгира до 1 јули 2017 година.